Ема Вотсон е шокиана од американските напредни мажи

 

Ѕвездата од Хари Потер Ема Вотсон сеуште пробува да се адаптира на американските мажи, бидејќи тие се многу понапредни од момците од нејзината родна земја Британија. Актерката признава дека доживеала културен шок кога станала студент на универзитетот Браун и кога била поканета на состанок само неколку дена по пристигнувањето – нешто на кое не е навикната по излегувањата со британците.

 

Ема објаснува: ,,Англиските момци се многу добро средени. Се облекуваат премногу добро и навистина се одлично воспитани, но, тие се и многу затворени. Обично, во целата ситуација на додворување, навикната сум пред се да бидам игнорирана во првите два месеци од овој ритуал. И тогаш, можеби ќе го приметат моето присуство. А, пак тогаш веројатно ќе ми значат многу малку и потоа, можеби, па добро.. знаете… сеедно. Па кога пристигнав во Америка, се сеќавам на неколку ноќиво Браун кога едно момче ми се обрати – ми се допаѓаш, супер си, ајде да излеземе некаде – а јас бев зачудена што се случува. Ова е навистина огромен шок за мене”.

 

Меѓутоа иако вели дека американските момци се навистина отворени и директни, сепак не и се допаѓа нешто многу нивниот стил на облекување.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: