5 причини зошто треба да се заљубите

Зголемен е бројот на парови во кои партнерите не се вљубени еден во друг или самците кои мислат дека никогаш нема да вљубат. Тоа се глупости! Не е реткост дури и да сретнете луѓе кои едноставно се плашат од вљубување…

Тие мислат дека љубовта носи болка и стравуваат дека ќе бидат повредени, и дури и не се обидуваат да најдат некој/а. Постојат и оние кои се премногу срамежливи, оние кои веруваат дека не заслужуваат љубов, а најекстремните се оние со преголеми очекувања кои не прифаќаат ништо помалку од Анџелина Џоли или Џорџ Клуни.

 

Сиве овие групи остануваат без аргументи пред следните пет, сосема логични и природни, причини за вљубување.

 

1. Ќе се чувствувате одлично!

Кога ќе ве „погоди” љубовта, вашиот мозок лачи допамин, кој е одговорен за сите оние чувства на ентузијазам, оптимизам и трпение. Тоа ве полни со енергија и ве охрабрува да пробате нови работи кои носат радост.

2. Ќе ослабете

Кога сте вљубени вашето тело постојано пумпа мофеоинефрин (невротрансмитер) кој понатаму произведува адреналин, кој го намалува апетитот. Исто така, адреналинот може да ве принуди и да вежбате.

3. Ќе бидете попаметни

Италијанските научници од Универзитетот Павија утврдиле дека со вљубувањето го зголемуваме нивото на хормоните кои ја подобруваат меморијата.

4. Ќе изгледате помладо

Окситоцинот условува ослободување на DHEA, хормон кој го успорува стареењето и ја подобрува нашата физичка состојба.

5. Ќе живеете подолго

Љубовта го штити телото од лачењето на кортизолот – хормонот на стрес, кој е најчеста причина за болести на срцето.

Па, што чекате???

Пронајдете не на следниве мрежи: