Серија А: Рома во дербито го чека Милан

Со натпреварите од 18-то коло продолжува сезоната во италијанската Серија А, дербито, в сабота ќе се одигра на ’Олимпико’ во Рим, каде Рома ќе го пречека Милан.

Двете екипи, се во подем, Рома, минатиот викенд ја прекина серијата од четири победи, додека Милан е во серија од четири триумфи, екипата на Алегри нема пораз на последните пет натпревари.
Лидерот на табелата, Јувентус, во петок ќе му гостува на Каљари, екипа која нема победа на последните пет средби.
Во вториот меч Пескара ќе игра против Катанија која има победи на последните две средби.
Наполи, на македонскиот репрезентативец Горан Пандев се наоѓа во криза, екипата на последните три средби, во сите натпреварувања, забележа три порази, а поради вмешаност во местење на натпревари на наполитанците им беа одземени два бода. Поради тоа, победата е императив за екипата на Валтер Мацари во Сиена, против последно пласираната екипа на табелата.
Петок, 21. декември:

Пескара-Катанија

Каљари-Јувентус

Сабота, 22.декември:

Интер-Џенова

Аталанта-Удинезе

Болоња-Парма

Палермо-Фиорентина

Сампдорија-Лацио

Сиена-Наполи

Торино-Киево

Рома-Милан
Табела: Јувентус 41, Интер 34, Лацио 33, Фиорентина 32, Наполи 31, Рома 29.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: