Кевин Бејкон е во брак со своја братучедка

 

Шоуто ПБС ,,Наоѓање на вашите корени со Хенри Лоис Гејтс” откри дека ѕвездата од ,,Footloose” е далечно поврзан со својата жена, Кајра, ѕвездата од ,,The Closer”.

 

Шоуто влегува во трагата на потеклото на различни ѕвезди и јавни личности и ја наоѓа врската помеѓу парот. Шоуто употребува ДНК – пребарувања за да најде генетски врски и разоткрива приказни. Исто така, шоуто ѕирна и во фамилијарната историја на Кондолиза Рајс, Марта Стјуарт и Роберт Дауни помладиот.

 

Кевин и Кајра се во брак веќе 23 години и имаат две деца: синот Травис и Ќерката Сузи.

 

Гејтс изјави за шоуто: ,,Сакам, американците да сфатат колку сме обединети како народ. Постои толку многу непријателство и едно од нештата кои сакам серијата да ги покаже е, дека длабоко во себе, сите сме американци. Ние сме спиеле заедно уште од самиот почеток на земјата”.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: