Ријана јавно тврди дека се уште го сака Крис Браун

Loading...

 

Ријана имаше многу искрено интервју со Опра за својата врска со поранешното момче Крис Браун, во кое што зборуваше и за инцидентот во 2009 година кога Крис брутално ја претепа Ријана.

 

Опра директно ја праша на Ријана дали се гледа со Крис, како што кружат гласините кои кажуваат дека тие двајца се повторно заедно во врска. На ова, Ријана одговори дека не се гледа со Крис, но потврдува дека тие се блиски пријатели. ,,Тој си има своја вркса. Јас немам. Но, сепак одржуваме блиско пријателство уште од кога наредбите за ограничување се отфрлени. Работевме и двајцата малку по малку на тоа”.

 

Ријана тврди дека сеуште го сака Крис и кога Опра ја праша какво е чувството кога ќе се сртенат двајцата, таа одговори дека е малку чудно. ,,Чудно е. Чудно е затоа што јас сеуште го сакам. Осеќам нешто во стомакот. Но, морам да го задржам безизразното лице и да не дозволам да излезе ништо надвор од мене. Морам да се воздржам и да го потиснам тоа“.

 

„Ние двајца се сакаме, веројатно и секогаш ќе остане така. Тоа не е нешто што можете да го исклучите ако некогаш сте биле заљубени“, изјави пејачката од Барбадос. „

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...