Милан искрено: Северина е моето злато, мојата прва и последна љубов!

Loading...

Тоа беше крајот на најголемата врска на просторите на поранешната Југославија. Деновиве, откако вревата за крајот на љубовта помеѓу Милан и Северина конечно стивна, српскиот бизнисмен реши да даде интревју за српскиот Б92 во кој отворено кажа се што мисли и чувствува за својата поранешна вереница. Ви пренесуваме дел од неговото интервју:

 

„Северина е моетоа злато, сонце, душа, љубов, среќа, тага.. Прва и последна љубов… Со раѓањето на нашиот син Александар, ние станавме поврзани со нераскинлива врска. Ние сме сега мама и тато, и сфативме дека среќата и убавиот живот на нашиот син е многу поважен од тоа дали сме ние заедно, тоа подразбира хармонија во нашиот живот како родители. И двајцата сме зрели луѓе, и верувам дека ќе најдеме начин како да ја зацврстиме нашата врска во интерес на нашето дете. Многу е важно луѓето да научат да бидат среќни со тоа што го имаат отколку да бидат не среќни за тоа што го немаат. Мислам дека сега, после две години како ја почнавме нашата врска, можеме да кажеме дека вистиснки се познаваме и ќе функционираме. Оваа мала пауза добро ни дојде за да разбереме дека среќата на Александар е најважна во нашиот живот и дека ние треба да се стремиме само кон тоа. Жал ми е што ги пропуштив овие три месеци од детството на мојот син. Јас верувам дека нашата љубов, љубовта со Северина е вистинска. Јас лудо ја сакам и неа и нашиот син и затоа мислам дека ништо нема да може да го смени овој однос. Северина е совршена мајка која успеа да го искомбинира мајчинството со професионалната кариера и за тоа и се восхитувам. Ја обожавам!“ 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

loading...