Јаја Туре африкански играч на годината

Играчот на Манчестер Сити, Јаја Туре, во изборот на континенталните селектори и репрезентативци е прогласен за најдобар африкански фудбалер во 2012 година.

На свеченоста која се одржа во престолнината на Гана, Акра, Јаја Туре втора година по ред ја освои престижната награда. репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска во изборот беше подобар од сонародникот Дидие Дрогба и Камерунецот Алекс Сонг.
Јаја Туре беше еден од најзаслужните фудбалери за титулата во Премиерлигата која ја освои Манчестер Сити, додека со националниот тим стигна до финалето на Купот на Африка.
За најдобра екипа е прогласена репрезентацијата на Замбија, која стана африкански шампион, додека нејзиниот селектор Ерве Ренар е прогласен за најдобар тренер.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: