Фалкао: Каков Реал, борбата за титулата ќе се води меѓу нас и Барса

Напаѓачот на екипата на Атлетико Мадрид смета дека борбата за титулата во шпанскиот шампионат ќе се води меѓу неговиот тим и Барселона.

Помалиот клуб од шпанската престолнина во претходната сезона заврши во голем стил освојувајќи ја Лига Европа а новата сезона ја почна како што само посакуваа.

Избраниците на Диего го освоија Супер-купот на Европа а потоа го заземаа втората позиција во Ла Лига и обезбедија продолжување на борбата во Лига Европа.

Со четири бодови преднос во однос на Реал Мадрид, Атлетико Мадрид стана конкурентен на Барселона, па Радамел Фалкао верува дека борбата за титулата ќе се води меѓу Атлетико Мадрид и Барселона.

„Реал и Барселона имат поголем буџет од Атлетико и располагаат со најдобрите играчи во светот. Сепак, ситуацијата на табелата говори дека сме главни конкуренти на Барселона за титулата“ изјави Фалкао.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: