Иниеста: Не постои совршен играч

Играчот на екипата на Барселона потенцира дека е невозможно да фудбалерот биде апсолутно перфектен.

Шпанскиот репрезентативец Андрес Иниеста покрај Меси и Роналдо е кандидат за „Златната Топка“, за престижната награда за најдобар фудбалер на 2012-тата година.

Иниеста даде свое излагање во однос на работите во фудбалот, велејќи дека едноставно нема совршени во оваа професија.

„Совршен фудбалер не постои. Секој може да биде подобар и од најдобриот. Себе си се гледам како некој кој е свесен за своите квалитети. За себе не мислам дека сум ѕвезда, тоа можеби ќе бидам еден ден кога на мојата кариера би се подвлекла црта“ изјави Иниеста.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: