УЕФА без милост, „ДРАКОНСКА КАЗНА“ за Малага

Европската фудбалска организација (УЕФА) објави на својата официјална интернет страна за казните кои им ги додели на „неплаќачите“.

„Клубот ќе биде исфрлен од следното УЕФА натпреварување за кое ќе се квалификува во наредните три сезони, доколку не ги подмири долговите наредната година сите долгови“.

Клубот ќе биде парично казнет во висина од 80 000 евра, од која половина во овој момент е неактивна. Споменатата казна ќе стане активна доколку долговите не се подмират до 31-ви Март наредната година, стои во соопштението на УЕФА.

За екипата на Малага ова е неприфатливо и најавува борба за правда до крајот.

Малага со соопштение изрази големо незадоволство.

„Мерките кои се преземени против клубот се потполно неправедни со оглед на ситуацијата на клубот. Веруваме дека нашиот клуб е неправедно казнет“ стои во делот од соопштението на Малага на својата официјална веб-страна.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: