Мамиќ ги „трие“ рацете, го има можеби најталентираниот фудбалер на Балканот, МАКЕДОНЕЦ!!!

Мумин Нуриши, Тетовчанецот во екипата на Динамо од Загреб, во категоријата на играчи за под 17 годишна возраст, еден од најталентираните фудбалери на Балканот за кој своевремено интерес пријавија големи гиганти од типот на Челзи, Тотенхем…

Мумин Нуриши, Тетовчанецот во екипата на Динамо од Загреб, во категоријата на играчи за под 17 годишна возраст, еден од најталентираните фудбалери на Балканот за кој своевремено интерес пријавија големи гиганти од типот на Челзи, Тотенхем…

Роден е во Тетово, има само 17 години а многумина фудбалски експерти го наведуваат како еден од најталентираните фудбалери на Балканот. Има Македонско и Хрватско државјанство, има настап и за селекцијата на Македонија за фудбалери до 19-годишна возраст, забележа 3 настапи, игра на позицијата Полушпиц, веднаш зад напаѓачите.

Мошне интересна е приказната околу Мумин Нуриши.

Имено, Нуриши Мумин е повикан во камповите на Хрватската селекција, има опција да заигра и за Албанската селекција. Има играно за Триестина (во тој период е повикан во тренинг камповите на Хрватската селекција), зад него стојат и можни трансфери во Базел и Удинезе (за кој има одиграно неколку натпревари на младински турнири).

Посебно интересен е фактот што беше на проба во Европскиот фудбалски гигант Челзи каде ги задоволи вкусовите на тамошните челници на клубот, но префрлањето во тој клуб не се оствари поради недобивање на работната дозвола.  Може да се наведе и спомене интересот од Тотенхем, но и тоа пропадна. Потоа следи преселба во Истра, каде беше еден од најдобрите кадети, токму таму падна во очите на скаутите на Динамо Загреб.

Според неофицијални информации до кои дојдовме, Нуриши Мумин има потпишано двегодишен договор со Динамо Загреб.

Да се надеваме дека нема да го изгубиме овој голем талент кој забележа три настапи за Македонија во младите категории.

Д. Постолов

Пронајдете не на следниве мрежи: