Милан: Северина е моја жена!

Loading...

Љубовната приказна за Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ сеуште е актуелна, иако раскинаа пред повеќе од месец дена. Српскиот бизнисмен неодамна ја отвори душата за јавноста и откри дека не го интересираат медиумските текстови затоа што он не е од тој свет.

„Руска поговорка вели: На срцето неможеш да му наредиш кога да се заљуби. Мојата жена Северина е дел од тој свет, јас не сум“, вели бизнисменот кој пејачката и понатаму ја нарекува своја жена.

 

„Северина е злато мое, сонце мое, душа и љубов моја, среќа и тага моја, моја последна и прва љубов… Со раѓањето на нашиот син Александар, нашата врска стана нераскинлива. Ние сме сега мајка и татко и свесни сме дека среќата на нашето дете е поважна од тоа дали сме маж и жена, а и се останато, тоа подразбира хармонија и среќна врска меѓу нас како родители. Не сме деца за сега да се разделуваме со страв да не пропуштиме подобра прилика“, изјави Милан.

 

Copyright 2012 Puls24.mk. Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или презема, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...