Северина: Времето ќе покаже како и што ќе правиме понатаму со Милан

Изјавата на Милан е убава, искрена и ми ласка тоа што го кажа. Ние двајца заедно сме врзани затоа што сме мајка и татко на едно прекрасно дете, кажа Северина за Нова ТВ.

Мажите се тука за да се трудат околу жените и тоа е многу убаво! Изјавата на Милан е убава, искрена и ми ласка тоа што го кажа. Ние двајца заедно сме врзани затоа што сме мајка и татко на едно прекрасно дете, но времето ќе го донесе своето и ќе покаже како ќе правиме понатаму, кажа Северина (40) за хрватската Нова ТВ.

 

Милан Поповиќ (48) во интервју за српскиот портал B92 за својата поранешна свршеница говореше само суперлативи. Ја именува како жена на својот живот, најубава од сите и кажа дека со неа сака да има уште деца. На пејачката и се допадна искрената изјава на Милан, па можеби и ќе се смират.

 

– Кога првиот пат го видов Александар, ми застана целиот свет, ништо друго не беше важно – кажа Северина која 2012-та ќе ја памти по раѓањето на синот.

Пронајдете не на следниве мрежи: