Првиот концепт за авомобилот Bugatii Galibier се појави во 2009 година. Според многумина проктот за производство на овој автомобил веќе беше отпишан. Но, шефот Волфганг Дирхајмер за магазинот Car&Driver го најави моделот Galibier како најубава и најлуксузна лимузина во светот.
Bugatti и во овој модел покрај елегантноста во дизајнот ќе ја задржи и агресивноста на моторот кој ќе произведува повеќе од 1.000 коњски сили. Шефот на Bugatti нагласи дека Galiber ќе биде побрз од било кој друг автомобил во светот.






