Буфон: Година која не се заборава

Голманот на екипата на Јувентус е презадоволен од тоа како помина оваа година за тимот на Јувентус, а секако не заборави и на успешната година со Италијанската фудбалска репрезентација.

Џанлуиџи Буфон зборуваше за се она што се случуваше на професионален и приватен план во текот на 2012-тата година.

Искусниот голман на екипата на Јувентус во текот на 2012-тата година го освои „Скудетото“, Супер-купот на Италија, стигна до финалето од Купот на Италија и обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на Шампионите.

„2012-та ми беше успешна на сите полиња. Во спортот и бизнисот бев успешен и се ми одеше од рака и се надевам дека со иста посветеност на своите идеи ќе бидам и наредната година и ќе продолжам да ги остварувам зацртаните идеи“ изјави Буфон.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: