Суарез: Приоритет-Лигата на Шампионите

Напаѓачот на екипата на Ливерпул, Луис Суарез истакна дека желба му е да игра во Лигата на Шампионите со екипата на Ливерпул.

Уругваецот Луис Суарез е најдобар во тимот на Брендон Роџерс и прв стрелец на оваа екипа во оваа сезона со постигнати 11 голови во Премиер Лигата.

Ливерпул не може да се пофали дека се оди е во најдобар ред, но по вчерашната убедлива победа над Фулам сепак се доби на голема надеж дека овој клуб би можел да се избори за Лигата на Шампионите.

„Мојот сон и желба е да играм во Лигата на Шампионите со Ливерпул, бидејќи на овој клуб местото му е во елитата. Сакам тоа да биде пракса и да останам долго во тимов“ изјави Суарез.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: