Сити го убедил Волкот?

Англиските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Арсенал, Тео Волкот, е договорен со тимот на Манчестер Сити.

Според шпекулациите кои ги пренесуваат англиските медиуми, се вели дека Волкот сигурно ќе игра за Манчестер Сити, прашање е само времето кога тој ќе се пресели во Сити.

Имено, Манчини изразил голема желба да го види во своите редови Волкот, а Сити е спремен да плати обештетување за Арсенал доколку Волкот во јануари прифати да потпише за Манчестер Сити.

Меѓутоа, за сега одговорот е негативен, иако Арсенал би се соочил и со заминување на овој фудбалер во јуни и тоа без никакво обештетување.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: