АБА лига: МЗТ продолжува со успеси, и Широки падна!!!

Екипата на МЗТ Скопје го доби дуелот на гостински терен против тимот на Широки со резултат 71-72 благодарение на тројката на Гечевски во последните моменти од мечот.

Во првата четвртина нашиот претставник беше убедлив и го доби овој дел од натпреварот со убедливи 8-22.

Втората четвртина ја доби домашниот претставник со резултат 22-17.

Во второто полувреме, третата четвртина повторно во корист на домаќинот, резултат 19-10.

Конечната, четврта четвртина заврши со резултат 22-23.

Натпреварот го следеа 2500 гледачи.

Кај домаќините најефикасен на мечот беше Шакиќ со постигнати 18 коша на мечот.

Кај нашиот претставник Чековски со 21 беше најефикасен на целиот натпревар.

МЗТ Скопје има одличен скор во АБА лигата, со постигнати 24 поени се наоѓа на 5-тото место во оваа лига во друштво на 14 екипи.

Следниот натпревар нашиот претставник го игра на 05.01.2013 со почеток од 21 часот на домашен терен против тимот на Будуќност.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: