Бранко и Љупчо подготвуваат државен удар?

Бранко Црвенковски и Љупчо Георгиевски се подготвени и на државен удар со цел да дојдат на власт и да завладеат со државата.

Последните неофицијални информации говорат дека Црвенковски денеска мобилизирал група на луѓе од македонското подземје, со кои соработувал и за време на транзицијата.

Лицата и се добро познати на Министерството за внатрешни работи и зад нивните имиња стојат голем број криминални активности, кривични пријави за насилство и останати казни.

Целта на Црвенковски и Георгиевски е да се заштити уставниот поредок и интересите на народот и државата, па макар и преку насилство.

Аналитичарите сметаат дека ваквото однесување на СДСМ е претходно смислено сценарио, се со цел да се блокира работата на Владата и да се создаде хаос во државата.

Со своите потези и сценарија, сакаат да ја прикажат Република Македонија како недемократска држава со “фашистички“ ориентирана влада која ги крши човековите права и ја урива демократијата.

Но, реалноста покажува сосема друга слика, каде што довербата на граѓаните во сегашната Влада е зголемена, која издвојуваше повторна победа на фер и демократски избори избрана по легитимен пат, која неодамна е потврдена и од Државната изборна комисија на Република Македонија.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24

Пронајдете не на следниве мрежи: