Анкета на „Пулс24“: Читателите го одбраа „ТИМОТ НА ГОДИНАТА“ (2937 гласови)

Читателите на „Пулс24“ гласаа за „ТИМОТ НА ГОДИНАТА“, масовно, дури 2937 гласови беа изброени по завршувањето на анкетата, немаше никакви дилеми на голманската позиција каде Касиљас го собра „пленот“, во средниот ред за еден глас не влезе Озил (100), а нашите читатели со 101 глас го одбраа Чаби Алонсо. Во нападот единствено Фалкао (133) беше каков-таков ривал на Меси (167) и Роналдо (166).

Икер Касиљас (Реал Мадрид) – голман – 146 гласови

Серхио Рамос (Реал Мадрид) – одбрана – 120 гласови

Филип Лам (Баерн Минхен) – одбрана – 111 гласови

Тиаго Силва (ПСЖ) – одбрана – 109 гласови

Жерард Пике (Барселона) – одбрана – 101 гласови

Андрес Иниеста (Барселона) – среден ред– 155 гласови

Андреа Пирло (Јувентус) – среден ред– 135 гласови

Чави Хернандез (Барселона) – среден ред – 129 гласови

Чаби Алонсо (Реал Мадрид) – среден ред – 101 гласови

Лионел Меси (Барселона) – напад – 167 гласови

Кристиано Роналдо (Реал Мадрид) – напад – 166 гласови

Икер Касиљас е број 1, читателите на „Пулс24“ воопшто не се двоумеа во однос на ова прашање, па Икер го ставија на чело кај голманите кој во однос на останатите беше далеку во однос на бројот на гласовите.

Очигледно дека читателите на „Пулс24“ најтешка задача да одлучат имаа околу средниот ред, имено, Месут Озил за само еден глас (100) не влезе во потесниот избор поради тоа што неговиот соиграч Чаби Алонсо освои 101 глас.

Во нападот единствено Радамел Фалкао (133 гласови) беше ривал на Роналдо (166) и Меси (167).

Спортската редакција на „Пулс24“ упатува јавна благодарност до сите што учествуваа во гласањето.

*Гласањето траеше од 4-ти декември до 23-ти декември.

*Се избираше: 11 фудбалери во формација 4-4-2

*Номинирањето беше според „УЕФА“.

*Фото: uefa.com

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: