Милијардерот Сорос купи акции во Манчестер јунајтед

Loading...

Инвеститорот Џорџ Сорос купи акции од Манчестер јунајтед и така стана уште еден милијардер со удел во тој фудбалски клуб. 

Според податоците доставени до американската Комисија за харти од вредност, инвестицискиот фонд на Сорос купил околу 3,1 милион акции од англискиот клуб, јави Би-Би-Си. 

Сорос купил акции класа А кои носат еден глас по акција, но се значително помали од „вредните“ акции од класа Б од кои секоја носи десет гласови. Манчестер јунајтед неодамна се појави на берза во Њујорк, и досега собра 233 милиони долари од кои половината ќе ги искористи за плаќање долгови. Акциите во понедленикот загубија 2,7 отсто и тргувањето заврши на 13,06 долари.

loading...
Loading...