На Кристен Стјуард помили и се сцените со секс, отколку со танц

По повод појавувањето на филмот „On the Road“ кој започна да се прикажува од 21-ви декември, Кристен Стјуард се осврна на разголените сцени кои многу актери ги избегнуваат

Во разговор за IndieWire, Кристен Стјуард вели дека не се срами од ништо кога станува збор за филмот „On the Road“. Актерката којашто во филмот кој е адаптација на романот на Џек Керуак го толкува ликот на лекомислена 16-годишна девојка Мерилу сними многу интимни сцени со Гарет Хедландом, кој во филмот го толкува ликот на нејзиниот сопруг.
Меѓутоа, хероината на „Twilight“ (Самрак) многу посилен впечаток остави со сцените на танц „Сцените со танц за мене се многу пострашни од која и да е сцена на секс. Бев целосно вкочанета“.
Зарем не ви е необично да се гледате на платно додека водите љубов?, гласи едно од поставените прашања за актерката.
„Тука и не стануваше збор за вистински секс, тоа беше привид…Да бидам искрена, мислам да, доколку се издвојат разголените сцени, станува смешно да се гледаш додека глумиш дека водиш љубов. Меѓутоа гледано во контекст на филмот, тоа минува. Бев маѓепсана од филмот, го гледав трипати, што за мене е невообичаено“, вели Стјуард.
На тоа IndieWire прашува дали треба да се заклучи дека Кристен Стјуард е просечна танчерка, но добра љубовница?

Пронајдете не на следниве мрежи: