Во Интер не веруваат во Алварез

Аргентинскиот интернационалец од редовите на Интер е убеден дека овој тим нема доверба во неговите квалитети.

Рики Алварез се најде во стартната постава на Интер на мечот против Џенова, но беше заменет уште во 30-тата минута од мечот.

Неговиот менаџер излезе во јавноста откако неговиот клиент му се пожалил дека е премногу разочаран.

„Не очекував вакво нешто, јас го доведов во Италија и тоа е моја грижа. Ниту е млад за да чека, ниту стар за да нема сила или да му е поминато времето. Во клубот очигледно е дека немаат слух за него“ изјави менаџерот Филипо Колсанто.

Алварез дојде во Интер во август 2011 година од Велез Сарфилд за сума од 10 милиони евра.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: