Тељо: Да играш за Барса е привилегија

Младиот крилен напаѓач на екипата на Барселона изјави дека нема поголема среќа од тоа да играш за најдобриот тим на светот.

Кристиан Тељо се надева дека ќе ја оправда довербата кај клубот, и дека голот кој го постигна против Ваљадолид е само еден од начините за тоа.

„Играм во најдобриот тим, кој ги поседува најдобрите напаѓачи. Привилегија е да се биде во такво друштво, така да секој гол кој го постигнувам има огромна вредност“ вели Тељо.

„Ретко се случува да влезете во игра и веднаш да постигнете погодок. Мислам дека не постои подобар начин за да ја оправдате довербата“ беше коментарот на играчот на Барселона.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: