Аршавин во Ридинг за 4 милиони евра

Фудбалерот кој пред три сезони во Арсенал пристигна како рекордно засилување, се подготвува за заминување од клубот.

Со оглед на тоа што веќе подолго време клубот не смета на него, Андреј Аршавин доби зелено светло да во јануари ги промени редовите.

Англиските медиуми шпекулираат дека за Русинот сериозно е заинтересиран Ридинг и дека преговорите меѓу двата клуба околу висината на обештетувањето се веќе започнати.

Како што се наведува, во наредните денови би требало работата да биде завршена, Аршавин за сума од 4 милиони фунти ќе биде продаден на Ридинг каде го чека неговиот сонародник Погребњак, најплатениот фудбалер во историјата на Ридинг со плата од 60.000 фунти неделно.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: