Во 2013 не чека најтоплото и најдолгото лето

Loading...

 

Глобалните температури во наредната година ќе бидат за 0,57 степени над долгогодишниот просек од 14 степени Целзиусови, поради што 2013 година ќе биде една од најтоплите години кои се паметат…

Многу е веројатно дека 2013 година ќе биде една од десетте најтопли години од 1850 година и потопла отколку 2012 година, стои во прогнозата на британската Метеоролошка служба за следната година.

Оваа прогноза се базира на истражувањата на самата британска метеоролошка служба, како и истражувањата објавени на Универзитетот Ист Англија, американскиот Годаров инситут и Националната океанска и атмосферска служба во САД.

Растечките темепаратури би можеле да бидат последица на природните промени на климата, но и на глобалното затоплување поради зголеменото емитување во атмосферата на гасови со ефект на стаклена градина, напоменува британскиот прогнозер Дејв Бритон.

Тој истакнува дека и зголемена глобалната просечна температура не значи дека во сите региони следната година ќе биде потопла отколку оваа.

Од 12 најтопли години за кои постои евиденција, 11 биле во овој век. Со просечна температура за 0,54 степени поголема од долготодишниот просек, 2011 била досега најтопла, додека тековната година е на деветото место со просечна температура од 0,45 степени Целзиусови над повеќегодишниот просек.

Многу научници за растот на температурата ги обвинуваат луѓето, односно претераното емитувањет во атмосферата гасови со ефект на стаклена градина кои настануваат од согорувањето на фосилните горива.

Тие предупредуваат дека продолжувањето на ваквиот тренд би можело да доведе до пораст на нивото на морињата и екстремни временски прилики.

Според податоците на Меѓународната агенција за енергија, глобалната емисија на јаглен диоксид достигна рекорд во 2011 година, а најголем емитер била Кина.

Островските земји на светот кои имаат низок рељев, како и други држави чуствителни на раст на нивото на морињата, поплавите и ураганите, вршат притисок врз развиени земји да ги намалат емисиите на штетни гасови и да не дозволат во текот на овој век просечната глобална температура да се зголеми за повеќе од два степени Целзиусови.

Неодамна, меѓутоа, на конференцијата за клими под закрила на ОН, чија цел беше и ограничување на емисите на штетни гасови е забележан само помал напредок.

loading...