Српскиот тренер Антиќ се сели во Кина

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, Радомир Антиќ, во понеделникот потпишал договор со кинескиот клуб Шандонгом.

Деталите од двегодишниот договор, кој бил потпишан во Франкфурт, не се соопштени.
Порталот ’sportal.rs’ пренесува дека Антиќ во новиот клуб, официјалната промоција ќе ја има на 8 јануари.
Антиќ, кој со Србија учествуваше на Мундијалот во 2010 година, во изминатите денови се поврзуваше со клупата на Локомотив Москва, односно како човекот кој ќе го наследи Славен Билиќ.
„Задоволен сум што го потпишав договорот, имав бројни понуди, но оваа беше најкоректна“, изјавил Антиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: