Алегри: ПАЗЕТЕ СЕ ОД МИЛАН!

Масимилијано Алегри е убеден дека Милан ќе биде оној вистинскиот во вториот дел од првенството.

По големите промени во играчкиот кадар во текот на летниот преоден трансфер период, Милан има проблематичен прв дел од сезоната.

Се говореше и шпекулираше околу можна смена на тренерската позиција, меѓутоа Алегри смета дека челниците на клубот донесле паметна одлука со тоа што го задржале на клупата на Милан.

„Кога резултатите недостасуваат, тренерот е секогаш тој што трпи најголем притисок и кој го плаќа најголемиот цех, сепак, сметам дека клубот не погреши кога одлучи да ме задржи“ изјави Алегри, притоа надополни дека треба да се внимава на Милан во кого гледа тим што ќе биде неверојатно добар во продолжението од сезоната.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: