Рафа оди на титула

Охрабрен од сегашната ситуација во тимот, со добри игри, тренерот на екипата на Челзи, Рафа Бенитез, се надева на успешен поход на титулата оваа сезона.

Тренерот на екипата на Челзи, шпанецот Рафа Бенитез, со голем оптимизам гледа на мечот со Норвич на „кероу Роуд“ и мисли дека Челзи може да дојде до победа.

Бенитез сега очекува Челзи да продолжи со добри партии бидејќи постигнаа дури 13 голови на само 2 натпревари и тоа по поразот од Коринтианс во финалето од клубското светско првенство во Јапонија.

„Главната работа е да ги добиваме натпреварите, тоа го можеш кога тимот игра одлично. Со ваков начин на игра секако дека победите ќе дојдат“ изјави Бенитез.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: