Дел Боске го повика Миху

Одличниот стрелец кој оваа година блеска во дресот на Свонси никој не го остави рамнодушен, па така ни селекторот на Шпанија, Висенте Дел Боске.

Шпанскиот интернационалец од редовите на Свонски, за кратко време се крена меѓу фудбалските ѕвезди.

Фудбалерот кој беше релативно непознат, за само 2 милиони фунти стигна во Англискиот Премиерлигаш Свонси од Рајо Ваљекано и се покажа како вистински потег за тренерот на Свонски, Лаудруп.

Моментално најдобриот стрелец на Премиер Лигата, Миху, на 18 натпревари, постигна 13 голови, и за својата одлична форма доби и награда од селекторот на Шпанија, повик во репрезентацијата.

Миху е повикан за пријателскиот натпревар со Уругвај кој се игра во февруари.

„Миху дефинитивно ќе добие шанса против Уругвај“ изјави Дел Боске.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: