Миланезите не го сакаат Балотели

Амброзини би сакал да дојде Дрогба, а тренерот на екипата на Милан, Масимилијано Алегри, вели дека Балотели е играч кој никако да ја потврди класата.

Амброзини изјави дека Ел Шарави е подобар играч од Балотели, а доколку си одат Пато и Робињо има идеја кој би требало Милан да го ангажира како замена.

„Мислам дека Дрогба е подобар играч од Балотели, многу би ни значел во екипата“ изјави капитенот на Милан.

Ниту тренерот на Милан, Масимилијано Алегри не е голем фан на Балотели.

„Тој е голем талент кој како да оди од еден во друг клуб без никаква желба да напредува. Неговиот потенцијал е неверојатен, но тој не го потврди. Потребно е да го направи следниот чекор. Дали ќе дојде кај нас, не знам, тој е играч на Сити. Ако ги продадеме Робињо и Пато ќе видиме што ќе одлучи клубот“ изјави Алегри.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: