Вучиниќ: Година за памтење!

Одличниот црногорски интернационалец од редовите на Јувентус, одморот го поминува во Лече, има само една желба, тоа е и наредната година да биде вака успешна.

За Мирко Вучиниќ 2012-тата година била година од соништата.

„Ми се роди второто дете, ја освоив првата титула во Серија А, со тоа и супер-купот, се пласиравме во ТОП-16 во Лигата на Шампионите. Што да посака човек повеќе…“ вели Вучиниќ.

„Се надевам дека 2013-тата година ќе биде исто вака успешна, со еден додаток, сонуваме за успех во Лигата на Шампионите, одиме понатаму, најголемата цел, единството во тимот едноставно не знае за граници“ изјави Мирко Вучиниќ кој викендот ќе го помине во Лече, од каде е неговата сопруга.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: