Хоџсон со предлог: Пријателски пенали

Селекторот на Англиската Фудбалска репрезентација даде предлог кој се однесува на воведување на нов модел на пријателските натпревари.

Рој Хоџсон предлага да се изведуваат пенали како правило и кога се во прашање пријателските репрезентативни натпревари.

Како селектор на репрезентацијата која има најлош процент на успешност од пенали со само 17 %, и како селектор на репрезентацијата која на Европското Првенство во 2012-тата година беше емилинирана по изведување на пенали, Рој Хоџсон верува дека ова би било добра идеја.

„Сметам дека изведувањето на пеналите би било навистина добра идеја. Мислам дека на овој начин секој пријателски натпревар би добил на голема неизвесност и атрактивност“ изјави Хоџсон.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: