Нејмар со желба да игра во Европа

Талентираниот Бразилец признава дека има голема желба да игра во Европа, но уште еднаш нагласи дека е во потполност посветен на Сантош.

Тинејџерот за кого се зборува премногу низ медиумите, фудбалерот кој е една од најголемите желби на клубовите од Европа кои буквално се „тркаат“ за потписот на Нејмар, изјави дека би сакал да игра во Европа.

Како фудбалер во кого многумина гледаат како потенцијален најдобар фудбалер на светот во иднина, за услугите на Нејмар се заинтересирани екипи како Барселона, Реал Мадрид, Париз Сент Жермен и Манчестер Сити.

„Играњето во Европа е сон што го имам уште од мал, сепак во овој момент не се гледам себе си во ниту еден од наведените клубови освен во Сантош. Има време за промени“ изјави Нејмар.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: