Милан го продаде Робињо!

Договорот со Фламенго е постигнат, се чека евентуално доколку Сантош ја подигне цената, но од тоа по се  изгледа нема да има ништо. Трансферот вреден 10 милиони евра, три четвртини плаќа „Адидас“.

Галијани веднаш по заминувањето во Бразил ја заврши работата. Се договори со Фламенго околу продажбата на Робињо без никакви проблеми.

Фламенго ќе плати 10 милиони евра обештетување, 7.5 милиони евра ќе обезбеди „Адидас“, додека екипата на Фламенго ќе го плати останатиот дел.

Веќе утре е договорен состанок со челниците на Коринтианс, темата е Пато, кој е малку поскап во однос на Робињо, околу 15-тина милиони евра.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: