Скриените способности на славните

Замислете, освен што уживаат ненормална слава, тие имаат способности и за нешто повеќе…Погледнете кои од нив се талентирани и за нешто повеќе од глума…

 

Пирс Броснан – Кога згодниот ирец имал само 16 години, дошол во пресрет со техниката – голтање оган. Броснан веднаш ја совладал вештината и во многу брзо време бил ангажиран од страна на циркуски агент. Тој ги поминал следните три години работејќи како професионален „голтач на оган“ под големиот шатор. Броснан од тогаш ја има искористено својата вештина во повеќе улоги, но најпосле се откажа од глумата во 2004 година, кога се случила несреќа за време на снимање на епизода од „The Muppets“.

Стив Бускеми – Актерот ја шокираше публиката кога Ники Томпсон, неговиот лик од серијата Бордвок Емпајр, почна да жонглира. Ова не беше аматерска глума воопшто. Бускеми подаваше три велигденски јајца, додека, истовремено раскажуваше приказна. Кандидатот за Еми награда признава дека сакал да биде уличен изведувач во Ист Вилиџ, Њујорк, па така, како дете учел да жонглира секој ден. За жал, тој никогаш не собрал храброст да прави изведби на улица.

Кондолиза Рајс – Поранешниот државен секретар, Кондолиза Рајс, почнала да зема часови по пијано на 15 години , со идеја да стане професионален пијанист. Нејзинато првенствено поле на кое специјализираше на Универзитетот на Денвер, беше токму пијаното. Таа очигледно избрала различен пат во кариеарата, но се уште обожува да свири пијано. Таа го има придружувано и светски познатиот челист Јо-Јо Ма на изведбата во Бакингемската палата за кралицата.

Нил Патрик – Уште како мал, Нил Патрик се занимавал со маѓионичарски трикови. Сега, Патрик повремено изведува илузии пред публика и има уредувано сцена продуцирајќи магионичарски трикови. Тој е исто така и претседател на Академијата за магични уметности.

Стив Мартин – На само 17 години Мартин почнал да свири на бенџо. И овој негов талент не поминал незабележано. Иако повеќето награди кои ги има добиено се за неговата глума, во 2002 година, тој доби и награда за кантри – инструментална изведба. Оттогаш, тој има издадено два целосни музички албуми и по ова, добиено уште една Греми награда.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: