„Марка“ ја пренесува интересната сторија околу приказната со Мурињо и Касиљас, односно контроверзната одлука да Касиљас на мечот со Малага биде сместен на клупата.
„Мурињо е убеден дека Реал сега ја плаќа цената затоа што не го поддржа во летниот преоден трансфер период и сака со ова да му упати порака на претседателот на клубот Флорентино Перез. Португалскиот стручњак и понатаму е лут бидејќи Реал одби да се бори за услугите на бразилецот Лукаш Моура, но и затоа што челниците на Реал Мадрид не сакаа да доведат искусен голман кој би бил конкуренција на Касиљас“ тврди „Марка“.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: