Марјан Стојановски преку весник ја запроси девојката

„Подарок“, „Ненаситен“, „Дали ти си ова небо“  се хитовите по кој го препознаваме Марјан Стојановски.

Тој  својата девојка ја побара за жена преку весник. Изјавил  дека сака да се ожени со неговата долгогодишна девојка Ивана, затоа што многу ја сака и ја опиша како  добра и паметна.

– Ивана е жената на мојот живот, решив да се женам. Сакав да направам романтична свршувачка, но да не биде клише како клечење пред неа со прстен. Затоа, ќе ја побарам за жена преку вашиот весник, и ќе се изненади кога ќе прочита: Ивана, омажи се за мене. Oд тука нека разбере дека ќе ја женам на пролет”, изјави пејачот за дневниот весник.

Наскоро  ќе го дознаеме одговорот на Ивана, но која би одговорила со НЕ?

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: