Каде да ги најдете совршените момци

Научниците имаат неколку идеи каде треба да го барате дечкото од соништата, и каде се најголемите шанси дека навистина ќе го најдете. Девојки, ако сте одлучиле дека оваа година ќе го пронајдете вашиот дечко од соништата имаме идеја каде треба да го барате.

 

 

Новото истражување покажува дека најголемите шанси да налетате на здрав и задоволен маж е во музеј или галерија. Норвешките научници велат дека мажите кои редовно ја следат културната сцена се во подобра ментална и физичка форма отколку другите.

 

Посета на театар, концерт, па дури и во кино има добар ефект врз машките, а го намалува ризикот од депресија и анксиозност. Докажано е дека подобро делуваат и на жените, но не толку многу.

 

За жените да осетат позитивен ефект, тие мораат да учествуваат во настаните додека за машките е доволно само да набљудуваат.

Научниците велат дека е важно да се занимаваат со креативна работа, со цел полесно да се справат со дневниот стрес и одговорностите.

 

Машките кои успеваат во тоа се задоволни и нудат одличен материјал за врската, велат истражувачите.

Пронајдете не на следниве мрежи: