Меси: Што ми вредат головите доколку Барса не победува

Аргентинскиот интернационалец од редовите на Барселона, Лионел Меси, уште еднаш ја истакна важноста на тимската работа и нагласи дека индивидуалните признанија немаат никаква вредност доколку неговиот тим нема корист од тоа.

По 12 одлични месеци во кои постигна 91 гол и така го сруши рекордот на Милер, Лионел Меси по кој знае кој пат пред своите постигнувања го става својот тим.

„Среќен сум поради головите кои ги постигнувам и поради рекордот кој успеав да го срушам, но годината која е зад нас можеше да биде и подобра“ изјави Меси.

„Барселона можеше да освои повеќе трофеи, а јас постојано повторувам дека моите голови не вредат ништо доколку Барселона не остварува успеси“ додаде аргентинецот.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: