Абрамович нема да штеди, ВИЛИЈАН И ФАЛКАО ПРИСТИГНУВААТ ВО ЧЕЛЗИ!

Loading...

Англиските медиуми пренесуваат дека Роман Абрамович едноставно „длабоко“ ќе го отвори ќесето и ќе следат екстра-трансфери во Челзи во јануарскиот преоден-трансфер период.

„Дејли Експрес“ пренесува дека проценката на Челзи е дека недостасуваат офанзивци, па Радамел Фалкао би можел да пристигне во Лондон уште оваа зима.

Според шпекулациите кои ги пренесуваат англиските медиуми, се вели дека Абрамович воопшто нема да троши време на преговарања и слично, едноставно, ќе ги исплати тие 60 милиони евра клаузула за Фалкао и ќе го доведе во својот тим.

Не е само Фалкао, се вели дека освен што ќе се врати од позајмицата во ВБА, Лукаку, исто така тимот од Лондон ќе го доведе Вилијан од Шахтјор за сума од 35 милиони евра, онолку колку што е во клаузулата од неговиот договор.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...