Фламенго го откажа трансферот на Робињо

Челниците на екипата на Фламенго се откажаа во намерата да го ангажираат Робињо откако пропадна договорот околу финансиските детали за трансферот.

Иако во текот на вчерашниот ден италијанските медиуми пренесоа вест дека Милан го продаде Робињо на Фламенго, сепак овој трансфер нема да се реализира.

Иако начелниот договор беше постигнат, сепак, несогласувањата околу одредени финансиски детали од договорот беа повод за прекин на преговорите.

Официјалната потврда Фламенго ја објави…

„Директорите на Фламенго се состанаа со Адријано Галијани во обид да се договорат околу трансфер на Робињо. Сепак, со оглед на високата цена која Милан ја бараше за својот играч, дојде до прекин на преговорите и Фламенго одлучи да се повлече“ стои во соопштението на клубот кое е објавено на официјалната страна на бразилскиот клуб.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: