Еве како се прави миризлива свеќа од мандарина за минута

Наместо да ја фрлите кората од мандарината, направете од неа ароматична свеќа која прекрасно свети и убаво изгледа, свеќа која ќе направи пријатна атмосфера во вашиот дом.

За да ја направите оваа убава и целосно природна миризлива свеќа, потребно ви е една мандарина и малку масло.

 

1. Засечете ја кората на мандарината по средината, во круг околу неа. Потоа нежно гурајќи со прстите излупете ја кората внимавајќи на тоа да остане цела.

 

2. Половината од кората на која се наоѓа рачката наполнете ја до една четвртина со масло (на видеото, користено е маслиново масло).

 

3. На другата половина внимателно исечете ѕвезда или круг низ кој ќе циркулира воздухот.

 

4. Запалете го стеблото (кое го имате во половината која предходно ја наполнивте со масло), задржете пламен се додека не се запали.

 

5. Поклопете со втората половија од кората на мандарината. Оваа свеќа ќе гори околу половина час. Внимавајте на горниот дел да не изгори, ако не сте направиле доволно голем отвор.

 

Погледнете како изгледа прекрасната миризлива свеќа од видеото во продолжение…

Пронајдете не на следниве мрежи: