Интер потпиша договор со Касано

Антонио Касано од денес официјално е дел од тимот на Интер со бројот „99“.

Тој потпиша договор со Интер со важност од две години, односно до јуни 2014-та година.

Касано изјави дека е пресреќен што е во дел од клубот за кој навива.„Конечно сум во клубот за кого навивам. Ова е доста важно за мене. Нема ништо поубаво од тоа да стигнеш во клубот кој го сакаш. Насмевката ми се врати на лицето, изјави Касано“.

Капитенот Хавиер Занети му посака добродојде на новиот соиграч.

Пронајдете не на следниве мрежи: