Нене во Бешикташ

Претседателот на Бешикташ, Фикрет Орман, потврди дека се во тек преговори со напаѓачот на екипата на Париз Сент Жермен и дека постојат сериозни шанси да Бразилецот во јуни го засили тимот на Бешикташ.

Нене неодамна потврди дека наредното лето ќе го напушти тимот на ПСЖ.

Неговиот договор со оваа екипа истекува токму во јуни 2013-тата година а уште е сега е извесно дека овој фудбалер нема да остане во ПСЖ и веќе во јануари ќе може да договори соработка со некој друг клуб.

Турските медиуми пренесуваат дека Нене веќе ги имал првите преговори со тимот на Бешикташ, а претседателот на тој клуб истакна дека постојат уште некои услови кои ќе мораат да бидат исполнети пред заклучување на договорот.

„Доколку уште некои наши услови бидат договорени, тогаш договорот ќе биде потпишан со Нене“ изјави Орман.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: