Попов се повреди

Македонскиот интернационалец од редовите на премиерлигашот ВБА се повреди на натпреварот со КПР на гостински терен каде неговиот тим славеше со 1-2.

Нашиот интернационалец во 35-тата минута при повреда го напушти теренот и на негово место влезе Риџвел.

Натпреварот меѓу екипите на КПР и ВБА заврши со победа на гостите со резултат 1-2.

Брант стрелаше во 29-тата минута за водство на гостите од 0-1, и така гласеше резултатот по првиот дел од мечот.

Во вториот дел од натпреварот ВБА повторно во офанзива и постигна гол за водство од 0-2 во 50-тата минута, но по автоголот на Грин.

Сисе во 68-мата минута само го ублажи поразот на својата екипа.

Тимот на Попов е вистински ХИТ во Премиерлигата со освоени 33 бодови по 19 одиграни натпревари се наоѓа на 5-тата позиција на табелата и според она што се гледа овој тим ќе „јуриша“ на место кое води во Лигата на Шампионите, секако, доколку има можност за такво нешто.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: