Фустанот на Хајди Клум веројатно го расплака Сил

Хајди се појави на црвениот тепих во морско – зелен фустан, а двата шлица од двете страни, кои се протегаа се до нејзините колкови, докажаа дека нејзините нозе се уште подобро тонирани отколку што си замислуваме. Зарем не изгледаше како божица во овој модел?

И не е дека била особено срамежлива кога го бирала конкретно овој модел на фустан. Таа му кажала на Рајан Сикрест: „Сакам висок шлиц, ја сакам таа боја“.

Со други зборови, Хајди изгледа јасно посочила како мисли дека е свесна колку добро изгледа иако е се поблиску до својата 40-та година и дека Сил веројатно кога ќе ја види во овој неодолив фустан, ќе сфати колку многу пропушта. Пустиот Сил, сигурно се „утепал“ од плачење.

Но, кој може да ја обвини што сака да ја покаже својата фигура? Секој жена при здрав разум би го направила истото, особено после развод. Ништо нема подобро да нагласи дека вие продолжувате понатаму со животот, освен тоа да изгледате како милион долари.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: