10те најбогати луѓе во светот помлади од 40 години

Вообичаено помеѓу најбогатите луѓе на светот ретко се наоѓа некој млад бизнисмен во подем. Затоа ги издвојуваме врвните 10 помлади богаташи.10.Ајман Харири

Синот на некогашниот премиер на Либан, Рафик Харири, на своите 34 години може да се пофали со имот вреден 1,35 милијарди долари. Тој е еден од лидерите на Сауди огер, наголемата компанија за градежништво на Блискиот Исток.
9.Ивон Бауер

Ќерката на славниот новинар Хајнц Бауер, на своите 37 години денес ја води компанијата Бауер Медиа Груп, при што „тежи“ 2,4 милијарди долари.

 
8.Хуијан Јанг

Јанг има само 31 година, а веќе е една од најбогатите луѓе не само во Кина, туку и во светот. Таа е ќерка на основачот на бирото за развој Кантри гарден Холдинг, каде исто така е и акционер. Нејзиниот имот се проценува на 5,7 милијарди долари.
7.Шон Паркер

На само 21 година Шон стана претседател на управниот одбор на социјалната мрежа Фејсбук. Исто така е и коосновач на комуникациската мрежа Напстер. Денес на 34 години Шон може да се пофали со имот од 2,1 милијарди долари.

 
6.Скот Данкан

Овој 30годишник е наследник на бизнисот на неговиот татко. Ден Данкан ја поседувал Enterprise Products Partners компанијата која денес поседува речиси преку 50 000 милји цевководи за нафта и природен гас, што на Скот му сублимира имот од 5,5 милијарди долари.
5.Дастин Московиц

Тој е еден од основачите на Фејсбук, заедно со Марк Цукерберг. Во 2008 го напушта фејсбук со џебови полни со 3,8 милијарди долари, а подоцна ја развива апликацијата Асана, која овозможува работа во тимови без користење електронска пошта.

 
4.Алберт Марија Ламорал Мигел Јоханес Габриел Принц фон Турин и Таксис

На само 8 години овој германски аристократ наследи една од најголемите корпорациски мрежи во светот. Денес, на 29 години, тој поседува имот од 1,5 милијарди долари.
3.Алехандро Санто Доминго Давила

Тој е син на колумбијскиот крал на пивото Хулио Марио Санто Доминго Пумарехо. Алехандро денес, на 36 години поседува имот вреден 11,7 милијарди долари и е еден од челните луѓе на Метрополитан музејот во Њу Јорк.

 
2.Марк Цукерберг

Секако дека главниот човек на Фејсбук ќе се најде на листава. Марк Цукерберг со своите 28 години и имот од 3,8 милијарди долари не е само еден од најбогатите, туку и еден од највлијателните луѓе на светот.
1.Лери Пејџ

Основачот на Гугл убедливо води на листава. На свои 39 години тој има имот вреден речиси 23 милијарди долари.10.Ајман Харири

Пронајдете не на следниве мрежи: