11-годишно дете јаде пет пати дневно, а причината ќе ве растажи

11-годишно дете од Кина го нарекле “херој” на социјалните мрежи откако ја презел мисијата за спасување на својот татко, така што јаде колку што може повеќе.
На таткото на Лу Зикуан му била дијагностицирана леукемија пред седум години и оттогаш се лекува. Но, минатиот август неговото здравје драстично се влошило и докторите го информирале дека единствената опција е трансплантација на коскена срж.
По тестирањето на членовите на семејството за потенцијални донори, откриле дека единствената опција е Зикуан, кој во тоа време имал 10 години. И покрај младата возраст, основецот имал волја да “отиде под нож” за да го спаси животот на својот татко.

Но, постоел голем проблем – момчето тежело само 30 килограми и докторите му рекле на неговото семејство дека нема да го оперираат додека не добие барем уште 15 килограми. Во март оваа година, детето почнало да јаде што е можно повеќе масна храна.
“Лекарите рекоа дека морам да имам барем 45 килограми за да можам да ја донирам својата коскена срж. Идеалната тежина е 50 килограми”, изјавил младиот Лу Зикуан пред кинеските новинари.
“Дури и ако ми е тешко, уште ќе јадам. Нашето семејство не би можело да ја поднесе загубата на мојот татко”.

11-годишното момче оттогаш јаде пет пати дневно, а оброците воглавно му се состојат од масно месо и ориз. Дневниот трошок за храна ја оптоварил неговата фамилија која веќе се мачела со покривање на трошоците за лекување.
Зикуан е најстар од трите деца и стигнал до речиси 45 килограми, но планира и понатаму да јаде со оглед на тоа дека докторите му кажале дека е подобро да има повеќе килограми.
Некои негови врсници започнале да го нарекуваат “дебелко” кога започнал да добива на тежина, но престанале кога ја дознале неговата мотивација, пренесува “Oddity Central”. Но, на детето навистина не му сметаат прекарите, единствено важно е да го спаси животот на својот татко.
“Прво да го спасам мојот татко, а подоцна да ги изгубам вишокот килограми”, изјавилo момчето.
Приказната на Зикуан станала вирална во Азија, а сега за неа пишуваат и западните медиуми. Многумина признале дека се расплакале, а за детето имаат само пофални зборови.
“Толку млад, а носиш толкава одговорност”, “Одличен си”, “Не си дебелко, ти си херој”, му порачале на детето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.