Том Круз се плаши дека ќе умре од рак

Познатиот актер Том Круз наводно се плаши дека ќе умре од рак, исто како и неговиот татко Томас Мапотер.

„Круз оваа година наполни 50 години, а тоа е возраста на која почина неговиот татко. Во последните 28 години го сонува истиот сон, а тоа е дека лежи во болнички кревет и умира од рак”, изјави извор близок до глумецот.

Семејството на Том пред половина година се загрижи за неговото здравје бидејќи за помалку од еден месец ослабе седум килограми. За среќа, причина за слабеењето беше стресот заради разводот од Кејти Холмс, пренесува „Шоубиз спај”.

Круз наводно се плаши од прерана смрт бидејќи не сака неговата ќерка Сури да расте без татко.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: